×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Со прослава во Пелинце одбележан Илинден

    02.08.2014 17:35 | KumanovoNews

    Со прослава во Пелинце денеска се одбележани 70 години од Првото заседание на АСНОМ и 111 години од Илинденското востание што претставуваше зародиш на македонската држава.

    Со прослава во Пелинце одбележан Илинден

    Пред Меморијалниот центар АСНОМ цвеќе положија делегации од Владата, Собранието, кабинетот на претседателот, политичките партии, Сојузот на борците, МАНУ, општините Куманово, Старо Нагоричане, град Скопје и други.

    Пред присутните говореше премиерот Никола Груевски кој кажа дека благодарение на Илинден и на положени 26.000 животи денес имаме суверена и самостојна држава, мора да учиме од нашето минато и да продолжиме по патот кој го трасираа нашите претци. Додаде дека Македонија сака да живее во мир, нема територијални претензии кон никого и се осврна на спорот со името со Грција.

    Проблемот на Македонија не е само наш проблем, тоа е европски проблем. Ако некој мисли дека со игнорирање на овој проблем ќе создаде решение,  длабоко се лаже. Тој проблем стимулира нетрпеливости, стимулира несогласувања, стимулира нестабилност, создава предизвици. Игнорирањето само го зголемува и продлабочува проблемот, а не го решава. Европа не смее интересот да го става над принципите и над вредностите. Така само ги потхранува скептиците кои демнат над нејзината причина за постоење и темелите на кои таа треба да почива. Време е Европа со поголемо внимание на погледне кон нас - изјави Груевски.

    За меѓуетничките односи рече дека не треба да се ставаат на тест од профитери и поединци затоа што Македонија е татковина не само на Македонците, туку и на Албанците, Турците, Србите, Власите и другите народи.

    Борците сметаат дека идеалите на Илинденците се ценат само делумно.

    Некој ги цени, некој не. Претстои нов Илинден кој ќе донесе многу повеќе демократија каде што народот ќе биде многу послободен, ќе биде посреќен и ќе живее во едно поцивилизирано општество - рече Трајко Стаматоски од Сојузот на борците.

    Граѓаните кои дојдоа на прославата се надеваат на просперитет и подобра иднина на Македонија.

    Ситуацијата во земјата не е сјајна. Доста народ е без работа, доста народ гладува. За разлика од нив еден помал дел, 20 отсто ги уживаат бенефитите на ова што денеска го славиме, а се боревме за една поинаква иднина - кажа Здравко Нелоски, граѓанин.

    Денешната прослава во Пелинце беше под мотото “Од сон до сонце“.