Сo свечена академија Србите го прославија Свети Сава
Во театар Куманово синоќа се одржа свечена академија за Свети Сава, во организација на Српската заедница во Македонија регионален одбор Куманово.

Со пригодна културно-уметничка програма, музички точки и присуство на високи претставници од земјава беше одбележан празникот.
„Тука е културно-уметничкото друштво „Српски вез“ од Куманово, а ќе настапат и ученици со рецитали од училишта од Старо Нагоричане и Куманово„-изјави Горан Зафировиќ, потпретседател на Српската заедница во Македонија.
На свеченоста присуствуваше и заменик министерот за култура, Драган Недељковиќ кој кажа дека ова е важен ден за Србите во Македонија и се одбележува во Тетово, Битола, Куманово и Скопје.
Амбасадорката на Србија во Македонија, Душанка Дивјак Томиќ е среќна што неколку години по ред доаѓа на свечена академија во Куманово. Таа им го честиташе празникот Свети Сава на Србите.
„Ова е важен ден за сите Срби кои живеат надвор од границите на Србија“-рече амбасадорката.
За припадниците на српската заедница денеска е неработен ден, согласно со Законот за празниците на Република Македонија.