Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Членови и симпатизери на ГРОМ до 14 часот собраа 20 крвни единици, на крводарителската акција која ја организираше партијата.
Од ГРОМ велат дека веќе се препознатливи како партијата која ја негува хуманоста и така ќе продолжат и во иднина.
“Собравме 20 единици крв. Тоа е добра бројка, со оглед на тоа што сега е период на грипови, и многумина се болни, па не е препорачливо да даваат крв. Сега е работно време, и очекуваме после 15 часот да дојдат повеќе луѓе, „ - изјави Марта Цветковска, портпарол на ГРОМ Куманово.
На крводарителската акција присуствуваше и заменик министерот за локална самоуправа, Љупчо Пренџов, кој се надева дека собраните шишиња крв ќе останат што подолго во витрините на кумановската болница.
Акцијата е оценета како успешна и се очекува до крајот да бидат собрани триесетина крвни единици.
“Одзивот досега е добар. Даруваа крв членови и симпатизери на партијата. Очекуваме уште крводарители до завршување на акцијата“ - вели Лилјана Славковска, трансфузиолог.
ГРОМ трета година по ред организира крводарителска акција во Куманово.