Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Здружението на пензионери Куманово преку доброволен солидарен фонд помага на пензионерите и нивните брачни сопружници.
Единствен услов да се добие помош и за брачниот другар од солидарниот фонд е откако пензионерот ќе добие решението во рок од 6 месеци да го осигура.
Членовите на солидарниот фонд имаат попусти за екскурзии. При смртен случај им се доделуваат 30.000 денари помош без разлика колку време уплаќале. Сумата за осигурување е 900 денари годишно и се плаќа на две рати - кажа Спирко Николовски, претседател на Здружение на пензионери Куманово.
Во солидарниот фонд на здружението се осигурани 230 пензионери.