Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Соња Тодоровска е избрана за секретар на општинската организација на СДСМ, на денешната седница на Извршен одбор.
Тодоровска е долгогодишен член на СДСМ и низ годините има извршувано повеќе функции во партијата како што се: кординатор на Форум на жени на ОО СДСМ Куманово, член на Централен одбор, член на Извршниот одбор на Форум на жени, регионален координатор за Изборна единица 2 на Форум на жени.
Таа еден мандат беше советник од редовите на СДСМ во Советот на општина Куманово, како и помошник директор во СОУ "Гимназија Гоце Делчев".
Тодоровска работи како професорка по македонски јазик и литература во “СОУ Гимназија Гоце Делчев“ Куманово.