×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Сопственици на фирми се обучуваат за извоз

    05.06.2013 09:33 | KumanovoNews

     Сопственици на повеќе кумановски фирми, денеска следеа обука за унапредување на инвестирањето и извозот на производите.

    Сопственици на фирми се обучуваат за извоз

    На присутните им беше презентиран сајтот конкурентност.мк, преку кој тие можат да добиваат информации за огласи, услови за аплицирање и средства кои се доделуваат. Оваа страница е во сопственост на Министерството за економија, а огласите дневно се ажурираат. Претприемачите на ваков начин добиваат инструкции и можности да го развиваат својот бизнис.

    Самата обука ќе понуди знаења што компаниите треба да направат, каква подготовка им треба за извоз, како да формираат извозни цени, кои дистрибутивни канали да ги користат, како да ги освојат странските пазари и се што значи успешен извоз. Ангажиравме локален консултант кој има огромно искуство. Регионално организираме работилници за да им се доближиме на компаниите - вели Наташа Станковиќ, менаџер за комуникации и мониторинг евалуација на проектот на УСАИД.

    Зоран Павловски од секторот за економски развој во Општина Куманово објаснува дека сопствениците на компаниите со помош на обуката ќе научат како да ги совладаат извозните бариери.

    Ќе научат за извозните решенија, од самите документи на граница, преку царината и декларации кои ги бара ЕУ.Има претставници од Инвест ин Маседониа, од Агенција за претприемаштво, ќе има интерактивна дискусија и тоа ќе биде една убава работилница - изјави Павловски.

    Повеќето локални претприемачи за првпат посетуваат обука за извоз.

     Ова ќе биде еден плус за нас. Постоиме пет години, работиме со производство на етно сувенири. Не сум запознаен и досега не сум извезувал надвор. Работам исклучиво за домашен пазар - рече Љубиша Јанковски, сопственик на “Етно - Балкан“.

    Обуката ја прават Општина Куманово и УСАИД, бидејќи сметаат дека Македонија има мал пазар и економијата на државата зависи од странските пазари.