×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Соседски патроли шетаат низ градот

    08.08.2014 08:23 | KumanovoNews

    Полицајци и граѓани денеска патролираа низ градот во рамки на проектот “Соседски патроли“.

    Соседски патроли шетаат низ градот

    Со цел да се обезбеди поголема безбедност, тие разговараа со дуќанџиите и граѓаните за безбедноста во Куманово, и за соработка во разоткривање на кривични дела. Ова е прва патрола од ваков тип, а во иднина истото ќе биде пракса.

       „Почнуваме со претседатели на месни заедници, на советодавни групи, а  понатаму можат сите заинтересирани граѓани да се вклучат. Според она што ние го работиме како проектни активности, безбедносната состојба отсекогаш била добра. Меѓутоа довербата на граѓаните во полицијата како институција отворена за соработка и заедничко креирање на безбедноста заедно со граѓаните е на едно многу повисоко ниво. Од истражувањата кои ОБСЕ ги прави секоја година довербата се зголемува„, - рече Виолета Богдановска од отсек за превенција при СВР Куманово.

    Учесниците во денешната патрола го поздравуваат проектот и сметаат дека ќе има многу позитивни ефекти. Тие ќе ги посочат локациите кои ги сметаат за небезбедни затоа што се вози брзо или се собираат корисници на дрога.

       „Зад некои згради навечер има метеж, врева, дури се појавуваат и корисници на дрога. Многу брзо се вози на “Октомвриска револуција“, има некои лоши решенија на крстосници, на семафори. Има многу проблеми и се надевам дека чекор по чекор во соработка со полиција се тоа ќе биде надминато за доброто на сите граѓани„, - изјави Михајло Петровски, претставник на месна заедница “Б.С.Гојчо“.

    Патролите тргнаа од пред библиотека, поминаа на плоштад, кај Спортска сала, населба Карпош и месна заедница „11 октомври„.