Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Мирослав Тричковиќ од ДПСМ поднесе оставка во Советот на Општина Куманово поради неспоивост на функциите, откако кон крајот на август е именуван за директор на Управата за унапредување на образованието на јазиците на заедниците, при МОН.
Советот денеска му ја прифати оставката. На Тричковиќ ова му беше втор мандат како советник.
Тој беше член на советничката група на ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата, и член на Извршниот одбор на Демократската партија на Србите во Македонија. Советникот кој ќе го замени Тричковиќ ќе биде предложен на наредната седница.
Тричковиќ студирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје и на Факултетот за политички науки во Белград.