Советот реализирал 90 отсто од програмата за работа
Советот на општина Куманово лани има 90 отсто реализација на програмата за работа.

Претседателот на Советот, Максим Димитриевски објаснува дека одржале 19 седници во 2015 година, од кои 3 вонредни, 1 свечена и 15 редовни седници.
Разгледавме 380 точки на дневниот ред, и согласно со програмата за работа во 2015 година, значи истата беше реализирана над 90 проценти. Истата програма автентично пресликана е во 2016 година. Советот ќе работи согласно своите законски овластувања, што значи надзор на работењето на јавните претпријатија, надзор на работата на градоначалникот, она што значи годишен буџет, годишна програма за развој на општина Куманово и сите останати законски надлежности. Во просек одржуваме 1 до 2 или 3 седници месечно по потреба“-изјави Димитриевски.
Тој смета дека кумановскиот Совет е еден од поквалитетните во Македонија и очекува и оваа година да одржат дваесетина седници.
Советниците на денешната 47 седница гласаа за извештајот за реализација на програмата за работа на Советот во 2015 и програмата за работа во 2016 година.