Советувалиште за семејство и брак до крајот на годината
30.09.2013 10:22
| KumanovoNews
Советувалиште за семејство и брак во Куманово ќе започне со работа до Нова година.

Совeтовалиштетео ќе биде сместено во просториите на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Куманово, информираат од ресорното министерство.
Владата во август годинава одлучи да отвори 11 регионални советувалишта за семејство и брак кои бесплатно ќе даваат совети и ќе помагаат во решавање на семејни проблеми.
Во Охрид вакво советувалиште веќе почна да функционира.