×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Спасовски: Да ја почитуваме забраната за движење и заеднички да придонесеме за заштита на здравјето

    11.03.2021 08:02 | KumanovoNews

    Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски направи увид на неколку полициски пунктови во Скопје по стартот на спроведувањето на новодонесената мерка за ограничување на движењето со времетрање од 22.00 часот до 05.00 часот, според одлуката на Владата.

    Спасовски: Да ја почитуваме забраната за движење и заеднички да придонесеме за заштита на здравјето

     Министерот апелираше до граѓаните да ја почитуваат забраната за движење.

    „Ова е неопходен чекор препорачан од здравствените фактори, а во интерес на поединечното и јавно здравје, и повеќе од сигурен сум дека сите заедно ќе успееме да ги пребродиме и овие околности што ни ги наметнува пандемијата со ковид- 19. Апелирам до граѓаните на одговорност, апелирам да останат дома, да не се излегува без нужна потреба од домовите. Само така ќе застанеме на патот на ширењето на вирусот. рече Спасовски.