Мени

Спасовски: Ова е историски ден за Македонија

11.12.2016 18:36 | KumanovoNews

Оливер Спасовски, носителот на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 2, порача дека ова е историски ден за Република Македонија, откако го оствари своето гласачко право и гласаше во основното училиште Христијан Карпош во Куманово.

Спасовски: Ова е историски ден за Македонија

„Граѓаните заслужуваат праведно и правично општество, но најважно од се е денес слободно да се изрази волјата на граѓаните, за подобра иднина и за живот во Македонија“, рече Спасовски.