Спречен шверц на електрични алатки
17.01.2012 16:16
| KumanovoNews
На граничниот премин Табановце автопат запленети се 19 нови и употребувани рачни и електрични алати меѓу кои дупчалки, моторни пили за дрво, брусалки и убодни пили.

Стоката е откриена при контрола на патничко моторно возило за влез во државата. Непријавените алати, завиткани во крпи и облека, биле пронајдени во багажниот простор и во просторот за резервна гума на возилото.