×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Средношколци ги едуцираа врсниците за детските права

    06.10.2015 13:26 | KumanovoNews

    Група средношколци денеска ги едуцираа учениците од Гимназија “Гоце Делчев“ за детските права и обврски, по повод Недела на детето.

    Средношколци ги едуцираа врсниците за детските права

    Тие објаснија кои се права треба да ги уживаат децата и ако се прекршени каде треба да се обратат. Работилницата ја организира хуманитарно здружение “Мајка“ заедно со Коалиција СЕГА од Прилеп, МЦГО од Скопје, СППМД од Кавадарци, Центар за едукација и развој  од Теарце и Ромски Ресурсен Центарод Скопје, а со поддршка на Детската Фондација Песталоци.

    Беше организиран летен камп од 16 до 20 август каде учество земаа 42 деца од различни етнички заедници, кои преку креативни работилници се стекнаа со знаења и вештини за промоција на детските права и интеркултурна комуникација. Целта на оваа работилница е децата да си ги знаат своите права, и доколку некое право им е одземено како да си го бараат и како да ги заштитат детските права - кажа Денис Илијевски од “Мајка“.

    Од СЕГА велат дека втора година по ред деца од 6 градови одржаа летен камп и сега спроведуваат локални акции. Една од тие акции е денешната работилница.

    Ќе работат самите деца да ги информираат своите врсници за детските права и интеркултурната комуникација, и исто така да објаснат што претставуваат самите детски права и да не заборавиме на нивните обврски - вели Миле Димкоски од СЕГА.

    Ученичката Ангела Петковска од “Наце Буѓони“ објасни дека децата имаат право на живот, образование, безгрижно детство, на слободно мислење и ред други права.

    Сите права се важни. Секаде има дискриминација и треба да направиме нешто да се подигне свеста за детските права - рече Петковска.

    Рабоитлница на истата тема утре ќе има во средното училиште „Перо Наков“.