×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Средношколците да се вклучат во кампањата “Помалку отпад“

    28.01.2014 11:47 | KumanovoNews

    Средношколците можат да се вклучат во интернационалната кампања “Помалку отпад“ истражувајќи ги проблемите со отпадот во локалната заедница, влијанието врз растителниот, животинскиот свет, здравјето на луѓето, амбалажите кои се фрлаат и слично.

    Средношколците да се вклучат во кампањата “Помалку отпад“

    Откако ќе истражуваат на одредена тема, учениците од средните училишта треба да подготват новинарска статија, фотосторија или видео запис во кои ќе дадат предлог решенија за помалку отпад. Целта е да се влијае врз свеста на граѓаните, учениците и заедницата за создавање на што помалку отпад.

    Кампањата “Помалку отпад“ е дел од програмата “Млади репортери за животна средина“ и се спроведува во 15 земји, а во Македонија се реализира по втор пат. Оваа кампања ја спроведуваат Здружение за едукација, комуникација и консалтинг ОХО и Министерството за образование.

    Заинтересираните повеќе информации можат да добијат на мејлот [email protected].