Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Средношколците денеска протестираа со истите барања како лани, да се видоизмени моделот на полагање екстерно тестирање и да бидат консултирани при носење на реформи во образованието.
Учениците тргнаа од пред Гимназија “Гоце Делчев“ и маршираа до Градскиот плоштад. Дел од професорите им дадоа поддршка на учениците и се приклучија на протестот.
Екстерното тесирање има многу аномалии кои што не дозволуваат објективно да се оцени ученикот. Моделот за државна матура да остане ист за сите оние средношколци кои што се ученици во средното образование во моментов. За сите оние средношколци кои допрва треба да почнат со средно образование да важат промените кои што ги планира МОН. Протестот го темпиравме меѓу часови, наставата си тече нормално, малку времето не ни излезе во пресрет, но како што гледате учениците се тука“- изјави Никола Крстевски од Средношколски пленум од Куманово.
Ученикот Николај Павловски од “Перо Наков“ пред присутните кажа дека со екстерното неправедно се казнуваат професорите.
Не казнуваат и нас учениците со тоа што тие оценки ќе ни ги пишат во ученичката книшка, дневникот или сведителството. Мислеа дека ќе седиме мирно, дека ќе молчиме. Се лажат. Ние сме свесни и најдобро знаеме што е лоша, а што добра реформа“- рече Павловски.
Средношколците не ја исклучија можноста од радикализирање на протестите, бојкот на настава и во крајна линија поставување на камп во Скопје. Се надеваат дека надлежните набрзо ќе ги разгледаат нивните барања.