Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пред зградата на Црвен Крст Куманово, денеска учениците од сите средни училишта се натпреваруваат во прва помош.
Ова е општински натпревар по прва помош. Веќе два месеци шест екипи од сите училишта од Куманово како македонските, така и албанските се подготвуваа. Имаме импровизирани повреди на кои нашите учесници покажуваат прва помош. Си има одредени прописи по кои вежбале. Има правила како се укажува прва помош и тоа ќе им користи во животот - изјави Ива Младеновска, координатор за прва помош во Црвен Крст.
Учениците покажаа како треба да се постапи кога имаат повреден со скршеници на рака, нога, повреди на стомак и слично.
Завршивме со вежбата и многу сме задоволни од тоа што го покажавме. Повредениот беше со рана на нога, му ставивме стерилна газа, му ја преврзавме раната - рече Дониета Јахиу, ученичка во “Перо Наков“.
Општинскиот натпревар за прва помош се прави повеќе од пет децении, а победникот ќе се натпреварува на републички натпревар во септември.