Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Средношколскиот пленум во четврток организира протест во Куманово.
Учениците во 12.15 часот ќе се соберат пред Гимназијата “Гоце Делчев“, по што ќе се упатат на Градскиот плоштад за да го изразат нивниот револт затоа што нивните барања за кои протестираа лани не беа прифатени од надлежните.
Овој пат ќе протестираме, но настава ќе држиме редовно. Барањата се исти како лани. Бараме новиот модел на полагање на државна матура да важи за учениците кои допрва ќе се запишат, а за оние кои се запишале по стар модел , да важи стар модел. Полагањето на екстерното тестирање да се видоизмени, но во работните групи да учествуваат и наши претставници и за други одлуки кои ќе се носат понатаму, да се консултираат средношколците“ - изјави Никола Крстевски од Средношколски пленум Куманово.
Лани средношколците повеќе пати протестираа во Куманово, а учествуваа и на протести во Скопје со барање да се укине екстерното тестирање и лошите реформи во образованието.