×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Средношколка од Куманово направи јогурт од комиње

    18.06.2013 09:36 | KumanovoNews

     Зорана Андоновиќ од Куманово, ученичка во средното училиште “Јахја Кемал“ во Скопје, освои сребрен медал за проект од биохемија, за користење на остатоците од процесот на производство на вино-комиње, за производство на нов јогурт збогатен со фенолни антиоксиданси.

    Средношколка од Куманово направи јогурт од комиње

    Признанието го доби на петата меѓународна олимпијада за научни проекти и проекти за животната средина ИНЕСПО 2013 што мината недела се одржа во Миделбург, Холандија.

     Станува збор за производство на јогурт збогатен со антиоксиданси добиен од комење, и како втор дел од проектот добивање на биодизел од истото комење. Се консултирав со голем број професори од оваа област за проектот. Сакав да придонесам на здравствениот систем во Македонија. Овој јогурт е збогатен со антиоксиданси и е поздрав од обичниот јогурт и трае подолго. Сакав да го искористам комењето бидејќи се користи како ѓубриво, а може да придонесе во исхраната и во медицината - изјави Зорана Андоновиќ.

    Таа објаснува дека ова е голем успех за неа бидејќи се натпреварувала со млади од целиот свет, а проектот ќе биде публикуван во печатена форма како научен труд.