×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Средношколски пленум: Повеќе од еден час доцнеше екстерното тестирање

    26.01.2016 11:37 | KumanovoNews

    Од Средношколскиот пленум Куманово реагираат дека вчера екстерното тестирање доцнело повеќе од еден час поради технички проблеми.

    Средношколски пленум: Повеќе од еден час доцнеше екстерното тестирање

    Учениците не се откажуваат и понатаму ќе бараат укинување на екстерното тестирање.

    Имаше технички проблеми поради кои се чекаше повеќе од еден час да започне тестот. Ова е уште еден показател за техничката неефикасност на овој систем. Жално е што надлежните се глуви при нашите обиди да укажеме на проблемите, меѓутоа ние ќе бидеме упорни и понатаму ќе се трудиме да биде чуен гласот на средношколците. Во најскоро време ќе оддржиме генерален состанок, после кој ќе следат конкретни активност“-велат од Средношколскиот пленум Куманово.

    Албанските ученици планираа кампања со која ќе укажат на лошите услови во образованието, но во меѓувреме добиле ветување дека во септември годинава ќе бидат преземени мерки за подобрување на состојбата и засега кампањата е стопирана.