Средношколскиот пленум ќе се активира во февруари
Средношколскиот пленум ќе се активира кон крајот на февруари или во почетокот на март, при што ќе биде организиран средношколски собир.

Ова денеска го договорија средношколците од Куманово на состанок во Гимназијата „Гоце Делчев“.
Имавме доста добар состанок, со добар одзив посебно од учениците Албанци што нè изненади. Ќе организираме собир пред некое средно училиште во Куманово, најверојатно ќе биде тоа некое албанско училиште, за да ги анимираме учениците да ја продолжиме нашата борба. Деталите допрва ќе се прецизираат - вели Никола Крстевски од Средношколски пленум Куманово.
Барањата остануваат исти, да се укине екстерното тестирање и да се полага матура по стариот модел кој се применуваше со години.