Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пред Споменикот на авијатичарите во населбата Долно Којнаре, Српската заедница во Република Македонија, го одбележа Денот на нападот на аеродромот во Куманово, кога загинаа 8 пилоти.
Нападот на ескадрилата на Кралската војска стационирана на аеродромот Аџитепе се случил, два часа пред бомбардирањето на Белград, на 6 април 1941 година, од германската авијација.
Ние во Куманово одбележуваме значаен момент од таа војна, односно слободарскиот дух на југословенските воени офицери и пилот, кои полетале во небо знаејќи дека немаат можност да го одбранат и да го спречат она што се случувало, бидејќи германски авиони биле повеќе подготвени и поопремени. Тие полетале во небо и на некој начин биле камикази, бидејќи урнале четири авиони- рече претседателката на Српската заедница во Македонија, Гордана Јовиќ Стојковска.
Таа потсети дека на овој ден всушност започнала Втората светска војна на балканските простори.
На одбележувањето на годишнината од нападот, присуствуваа членови на српските партии во
Македонија, српски здруженија и невладини организации.