×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Српски вез“ го одржа вториот годишен концерт

    02.11.2015 11:38 | KumanovoNews

    Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во саботата, културно-уметничкото друштво “Српски вез“ го одржа вториот годишен концерт.

    „Српски вез“ го одржа вториот годишен концерт

    Пред присутните се обрати претседателот на “Српски вез“, Далибор Китановиќ кој ја истакна улогата на покојниот Горан Стојковиќ за основање на друштвото и на него му беше посветен концертот. Концертот е заокружување на цела година успешна работа и реализирани бројни активности.

    Крај на една успешна сезонаа, полна со настапи и со нови членови, поделени во 3 групи. Nајмалата се претстави со игри од Левач, средната со игри од Пчињски округ и Првиот ансамбал највозрасните со 2 кореографии. Годинава “Српски вез“ настапи во Белград, Нови Сад, Зајечар, Врање, се претстави двапати во Скопје и тука во Куманово на осветување на новите цркви во Умин Дол и Долно Којнаре. Отвори свој огранок во Старо Нагоричане каде има преку 70 играорци кои настапија на концертот и своја работилница каде што беа изработени 36 народни носии. Специјални гости на концертот беа Градско Културно уметничко друштво од Врање “Севдах“, кои ја надополнија програмата со две свои кореографии. Од првиот ден од своето постоење нашата визија остана иста: да се сочува културата, традицијата и духот на срспкиот народ на овие простори истовремено негувајќи добри односи со братскиот македонски народ како и со сите други кои живеат на овие простори - изјави Китановиќ.

    Тој вели дека напорно ќе работат за “Српски вез“ да прерасне во врвна институција за Србите.

    На концертот беа присутни гости од Управата за дијаспора и соработка со Србите во регионот, од амбасадата на Република Србија во Р.Македонија, заменик градоначалник на Врање, Жикица Атанасијевиќ, заменик министерот за култура Драган Недељковиќ, претседателот на ДПСМ Иван Стоилковиќ, како и председатели на Културни уметнички друштва Бранко Радичевиќ од Белград, “Севдах“ од Врање, “Сокол“ од Бујановац, “Румулијана“ од Зајачар, Гоце Марковски од Скопје, Кочо Рацин од Скопје.