×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • “Српски вез“ се претстави во Босилеград

    29.07.2014 11:42 | KumanovoNews

    Културно - уметничкото друштво “Српски вез“, викендов учествуваше на Меѓународниот фолклорен фестивал “Босилеградско краиште игра и пее“ во Босилеград, Србија.

    “Српски вез“ се претстави во Босилеград

    Играорците покрај на дефилето по градските улици се претстави и со сплет песни и игри од Србија.

    Солистката Гордана Кузмановска заедно со оркестарот на друштвото ги отоеа песните „Косовки Божури“ и „Видовдан“. Членовите на друштвото Јована Милковиќ и Александар Стојмановиќ беа избрани за најубава двојка на вечерта со што се изборија да учествуваат на завршниот избор за најубава двојка на целиот фестивал, кој ќе се одржи на 21 септември оваа година кога е и денот на општина Босилеград - велат од “Српски вез“.

    Фестивалот во Босилеград е со ревијален карактер и на него учествувале 40 културно - уметнички друштва од балканските земји.

    Во меѓувреме членовите на друштвото се подготвуваат за првиот концерт кој ќе се одржи во последната недела од септември во Центарот за култура во Куманово по повод годишнина од постоењето на ансамблот.