Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од полноќ започна кампањата за локалните избори што ќе се одржат за три недели. Изборната кампања ќе трае 20 дена, а изборите се закажани на 24 март.
До општинската изборна комисија во Куманово до сега се поднесени шест кандидатури за градоначалник и десет советнички листи.
Кандидатури за градоначалник на Куманово поднеле: Виктор Цветковски - независен кандидат, Фатри Сaлиу - Национална демократска преродба, Ариф Љатифи - ДУИ, Предраг Божичковиќ - Српска напредна партија, Алил Куртиши - ДПА и Зоран Ѓеорѓиевски - коалиција ВМРО ДПМНЕ.
Кандидатури за носители на листа на Совет доставиле: Драги Караџински - независен кандидат, Зенун Исмаили - Национална демократска преродба, Бранко Арсовски - СДПМ, Ридван Асани - ДУИ, Олгица Вељковиќ - ДОМ, Александар Денковски - Социјал демократска Унија, Ѓорѓе Полиќ - Српска напредна партија, Бесник Мемети - ДПА, Милорад Јовановски - Титови леви сили и Драган Петковски Диги - коалиција ВМРО- ДПМНЕ.
Сите листи на советници и кандидатури за градоначалници поднесени до Општинската изборна комисија во Куманово се проверени од Комисијата за верификација на фактите и утврдено е дека ниту еден кандидат не соработувал со тајните служби.
Собранието го продолжи рокот за доставување кандидатски листи за советници и градоначалници до 8 март на полноќ, од страна на регистрирани политички партии или коалиции. Во овој рок опозицијата предводена од СДСМ ќе достави кандидатури за градоначалник и за советничките листи.