×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Стечајците ќе собираат потписи и во селата

    15.07.2015 09:38 | KumanovoNews

    Потписи за обештетување на стечајците се собираат и во селата во кумановско и липковско, велат од УНИТ.

    Стечајците ќе собираат потписи и во селата

    Од УНИТ се задоволни од одзивот и поддршката која ја добиле во руралните средини, и откако ќе завршат со собирање на потписи, петицијата ќе ја достават до Собранието, Владата и Уставниот суд. Од државата бараат обештетување и вработување на оние стечајци кои се способни да работат.

    “Народот сака да се реши нашиот проблем и дава сесрдна поддршка, иако сега не сакам да калкулирам со цифри. Онаму каде имаме наши членови стечајци, во тие села граѓаните можат да се потпишуваат. Се надеваме дека нешто ќе се преземе за решавање на ова горливо прашање. Оние што се над 59 години, јас ќе побарам веднаш пензионирање, а за помладите да можат да се вработуваат и обештетуваат. Јас сум скептик дека тоа ќе успее, затоа што младите не можат да се вработат, а не ние“-изјави Лилјана Георгиевска, претседател на УНИТ.

    Потписи ќе се собираат уште 20 дена на ниво на држава.