×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Стечајците најавуваат протести

    14.06.2012 10:09 | KumanovoNews

     Стечајните работници и технолошки вишок, за две недели ќе излезат на протести пред Владата и Собранието на РМ.

    Стечајците најавуваат протести

    Досега имаме точно 151 барање пуштено до Владата за средба со премиерот Никола Груевски, но во последниве две години никој не ни одговара, не игнорираат. Се зависи од превозот, сакаат многу луѓе да дојдат. Ќе видиме како ќе се организираме. Треба да дојдат стечајни работници од Штип, Свети Николе, Струмица, Радовиш, Охрид, Гостивар, Крива Паланка, Кочани, Велес - рече Лилјана Ѓоргиевска, претседател на координативно тело на стечајни работници.

    Се очекува на протестот да се појават 1500 луѓе, од кои 1200 ќе бидат од Куманово. Во градот има 900 стечајци и 300 луѓе кои се прогласени за технолошки вишок, но со законските измени тие не ги исполнуваат условите и не добиваат паричен надомест од државата.