Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Штипјанец и двајца радовишани минатиот месец грабнале Србинка во Куманово, за да им ги врати парите кои им ги зела со ветување дека ќе ги однесе до Германија.
З.Р.(44) од Штип, М.Л.(44) и Р.Л.(24) од Радовиш во октомври годинава околу 14 часот кај бензинската на Макпетрол со возило фолксваген управувано од Ш.Д.(46) од Штип, се паркирале пред возило рено меган управувано од Б.А. од Србија, а во автомобилот била и М.С.(40) од Србија. Тројцата мажи насилно ја внеле М.С. во нивното возило затоа што претходно им земала пари ветувајќи им дека ќе ги однесе во Германија. Целта им била да им ги врати парите, но во населба Карпош ги стопирала полиција и ги привела во СВР Куманово.
Штипјанецот и двајцата радовишани ќе одговараат за грабнување, а Ш.Д. за соизвршителство.