Странци ќе ја подигаат еколошката свест на кумановци
Странски волонтери од младинската организација Мозаик волонтерски центар ќе работат на подигањето на еколошката свест на кумановци.

Тие ги фотографираат сите места во градот каде има смет и ги објавуваат во групата на социјалните мрежи насловена како „Убаво Куманово“, со цел да укажат дека градот е нечист. Фотографирани се делови од централното градско подрачје, Градскиот кеј и околината кај бањата во Проевце.
„Кога доjдоа во Куманово забележале дека градот е многу нечист и планираат акција за да се подигне свеста кај граѓаните за почиста средина. Наскоро ќе има јавен настан на плоштад со кој ќе ги анимираат граѓаните на оваа тема“-велат од Мозаик.
Оваа активност ја реализираат 5 волонтери од Франција, Германија и Португалија.