×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Струмица примена во Асоцијација на градови носители на порака за мир

    30.10.2015 14:24 | KumanovoNews

    Струмица денеска беше примена во Асоцијацијата на градови носители на порака на мир, организација која деновиве го одржува своето генерално собрание во Куманово.

    Струмица примена во Асоцијација на градови носители на порака за мир

    Струмица на предлог на градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски се приклучува кон оваа Асоцијација како 110 членка. Претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов се надева дека ќе ја оправдаат довербата и ќе придонесат за мир и почитување на човековите права.

    Денес во светот владеат војни, сведоци сме на Блискиот Исток, сведоци сме на мигрантската криза, мигранти кои што бегаат кон западноевропските земји. Сведоци сме и на други кризни подрачја и чувствуваме потреба како локална единка да бидеме презентери на мирот на локално, национално, а преку национално и на регионално ниво - изјави Христов.

    Претседателот на Асоцијацијата на градови носители на порака на мир, Анджеј Петрашик ги осуди настаните од 9 и 10 мај во Куманово, кога имаше терористички напад. Тој вели дека решение на проблемите треба да се бара преку демократските процеси.

    Асоцијацијата се залага за невооружен начин на решавање на проблеми, туку повеќе преку  граѓански сектор, преку дипломатија и преку демократија. Асоцијацијата секогаш е на страна на оние кои што се повредени на некој начин и ние секогаш застануваме како нивна поддршка. Кога Куманово на 9 мај имаше конфликт, ние веднаш реагиравме испраќајки го Виктор Хаџиаврам на лице место, а јас веднаш напишав писмо до Дамјановски - вели Петрашик.

    Тој кажа дека му е особено драго што секоја година се повеќе градови од Балканот стануваат нивни членови.

    Градоначалникот Зоран Дамјановски рече дека Асоцијацијата ги обединува сите градови кои ги негуваат мирот и слободата како основно човеково право.

    Мислам дека  ќе ја оправдаме укажаната доверба и ќе излеземе со силни пораки за глобалниот проблем на Европа, мигрантската криза и ќе ја пренесеме пораката да што побрзо се справат со сите воени дејствија на Блискиот Исток. Имаме добра посетеност, имаме видни авторитети. Форумот е задоволителен и пораката ќе стигне на вистинското место - рече Дамјановски.

    Собранието продолжува и утре. Присутни се гости од девет странски градови.