Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Еден четврток во месецот, студентите нема да плаќаат билет кога ќе одат во театар.
Наредниот четврток во кумановскиот театар, студентите ќе можат да ја погледнат претставата “Мајката Храброст“, во режија на Ѕвездана Ангеловска.
“Досега студентите немаат бесплатен влез и со ова ќе се едуцираат како таргет група.Ова е важно затоа што тие се наша идна публика. Резервации нема да треба, туку само да покажат индекс“ - кажа Симона Тоскиќ, продуцент во театар Куманово.
Оваа новина ја воведува Министерството за култура во интерес на студентите.