Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Шумското стопанство Куманово заедно со АРМ, започна акција за пошумување на козјачко-карадачкиот регион.
На површина од 200 хектари ќе бидат засадени милион садници чемпрес, црн бор, бел бор и други дрвца.
Сега моментално една наша екипа е на пошумување меѓу Копиљача и Гошинце. Војската со наши вработени пошумува во село Орашац покрај црквата. Таму до понеделник најверојатно ќе завршиме со пошумување. Чемпрес ќе биде засаден од автопат од Табановце до влез на Скопје. 90 отсто од работите се завршени и менаџерскиот тим на претпријатието е задоволен од сработеното - изјави директорот Ваит Саити.
Тој најави дека во најкраток рок 1500 кубици дрва за огрев од нивниот двор ќе бидат доставени до училиштата во Куманово и кумановско.