Сува трева гореше кај “Киро Бурназ“ и во “Тоде Мендол“
02.07.2014 07:16
| KumanovoNews
Запалена сува трева вчера гореше во дворот на Земјоделското училиште “Киро Бурназ“ и на улица “Тоде Мендол“.

Пожарот во близина на интернатот во дворот на “Киро Бурназ“ избувнал околу 12.25 часот, и со помош на Противпожарната единица Куманово е локализиран во 13 часот.
Вториот пожар на улица “Тоде Мендол“ избувнал во 18 часот при што со едно возило и двајца пожарникари е ставен под контрола за половина час.
И двата пожари се предизвикани од човечки фактор поради невнимание и палење на сува трева.