×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Свечена седница за 11 Ноември

    11.11.2015 14:14 | KumanovoNews

    Се одржа свечена седница по повод денешниот празник 11 Ноември, на која беа презентирани сработените проекти во текот на оваа година, а беа доделени и Ноемвриските награди.

    Свечена седница за 11 Ноември

    На самата седница на Лујза Винтон, претставник на УНДП и беше врачено признанието почесен граѓанин на град Куманово. Таа  рече дека во Куманово се чувствува како дома, и за неа е особена чест што добива вакво престижно признание.

    Пред присутните говореше претседателот на Советот на оштина Куманово, Максим Димитриевски кој говореше за актуелните состојби во земјава, но се наврати и на минатото.

    Токму нашите предци не задолжија да го ставиме општото пред личното. Да ја намалиме нееднаквоста и да продолжиме да создаваме. Единствено луѓето исполнети со желба да создаваат големи дела, како што се нашите предци можат да не однесат до нашата цел - вели Димитриевски.

    Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски вели дека големите историски настани не настануваат случајно и ги отсликуваат вековните желби на народот за слобода.

    На овој ден на прагот на својата осма деценија од својот живот за нас граѓаните на овој светол град, значењето на историскиот настан на ослободувањето никогаш не избледува. Напротив во сите нас го освежува и му дава нов поттик на слободарскиот дух во нас. Куманово со гордост се сеќaва на славните денови - изјави Дамјановски.

    Ноемвриски награди добија Светлана Антиќ Јовчевска, новинар, писател и публицист, Мирослав Петровиќ поранешен боксерски тренер, Томислав Нешковски, гитарист и ликовен уметник, Мерилин Стојановска, кореограф и претседател на танцово студио “Мак“, библиотеката “Тане Георгиевски“ и КУД“Бајрам Шабани“.

    Во името на сите добитници се обрати новинарката Антиќ Јовчевска која порача повеќе да се почитуваат новинарите.

    Можеби случајно се најдов овде со луѓето со кои ме сврзува нешто. Библиотеката, книгите, уметноста, танцот, фолклорот, спортот и ако некого  пропуштив верувајте во моите понатамошни текстови , прилози нема да бидат пропуштени. Меѓутоа забележав дека на овој ден беа заборавени моите колеги новинари, затоа молам за еден аплауз за нив - изјави Антиќ Јовчевска.

    Благодарници добија невладината „Мајка“, доктор Фадиљ Малиќи, Јордан Цеков Дане за учество во НОБ. Гости на седницата беа лидерот на опозицијата, Зоран Заев, делегации од збратимени градови, од амбасади, верските заедници, советниците и други.