Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска на 17 мај се обележува Светскиот ден на СОС-телефоните за помош и поддршка на децата во светот.
Првата детска амбасада во светот Меѓаши е дел од меѓународната мрежа „CHI – Child Helpline International“- која ги обединува СОС сервисите за помош на деца од земји ширум светот и четврта година по ред го одбележува овој ден. Минатата година биле регистрирани вкупно 377 пријави и во најголем процент на различни облици на насилство во семејството, училиштето или помеѓу врсниците.
Постојат повеќе причини зашто децата се јавуваат на СОС телефонот 0800 1 2222, но во последните години нajфрекфентни се повиците на загрижени родители, потоа на очевидци кои сведочеле на настани за кои сметале дека е потребно да сè извести и да се реагира.Генералниот заклучок кој се добива од досегашната работа на СОС телефонот е дека децата жртви на насилство и злоупотреба истото многу ретко го пријавуваат - велат од Меѓаши.
Во овие 17 години на повиците одговараат: волонтери, ентузијасти од различни професии, психолози, социјални работници, педагози, правници, семејни советници, кои безрезервно го вложуваат своето искуство и знаење во креирањето на подобар свет за децата.