×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СВР: Граѓаните да ги почитуваат посебните мерки на Зебрњак

    27.10.2012 11:22 | KumanovoNews

     По повод одбележување на 100-годишнината на Кумановска битка, утре на спомен костурницата „Зебрњак“ во селото Младо Нагоричане ќе биде воведен посебен режим на сообраќај и преземени безбедносни мерки, поради што кумановската полиција апелира граѓаните да се придржуваат до нив.

    СВР: Граѓаните да ги почитуваат посебните мерки на Зебрњак

    Граѓаните на спомен костурницата „Зебрњак“ да пристигнат до 09.00 часот, бидејќи поради присуство на ВИП гостите ќе се примени посебан режим на сообраќај со запирање на сите возила и пропуштање на службените возила со првенство на минување. Заради безбедно одвивање на сообраќајот сите учесници да се придрживаат до сообраќајните правила и прописи. Ловџиите од општините Куманово и Старо Нагоричане во недела да не излегуваат на лов поради безбедносни причини, бидејќи на подрачјето на Општина Старо Нагоричане ќе има голема раздвиженост на граѓани- се вели во соопштението на СВР Куманово.

    На прославата во с.Младо Нагоричане ќе присуствуваат претседателот на Република Србија Томислав Николиќ и делегации од Република Србија и Република Македонија.