×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СВР Куманово го одбележа Денот на полицијата

    07.05.2014 10:52 | KumanovoNews

    СВР Куманово денеска  со низа манифестации го одбележа 7 Мај - Денот на полицијата.

    СВР Куманово го одбележа Денот на полицијата

    Ученици од повеќе основни училишта од градот ги посетија просториите на СВР Куманово со цел да се запознаат со работата на службите.

     Денеска во утринските часови од страна на припадниците на СВР Куманово положено е цвеќе на вечното почивалиште на припадниците на МВР, кои животот го загубија вршејќи ја својата работа во областа на безбедноста. Станицата ја посетија дечиња на кои ќе им бидат врачени скромни подароци, како капчиња и маички. Во попладневните часови ќе биде организиран прием на колегите, ќе бидат поканети пензионерите и нив ќе им бидат врачени свечени подароци - изјави Валентина Николовска, началник на аналитика и портпарол на СВР Куманово.

    На прославата за празникот отсуствуваше домаќинот, началникот Моме Јакимовски, а меѓу оние кои дојдоа да ги испочитуваат полицајците беше  и градоначалникот Зоран Дамјановски, како и бројни делегации од политичкиот и општествениот живот од градот.

    Претходните денови беше организиран шаховски турнир во чест на Денот на полицијата на кој победи екипата на  СВР Куманово, втора беше екипата од Здружение на пензионери и трето место земаа Здружение на армиски и полициски ветерани.