×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СВР Куманово започна кампања за последиците од употребата на пиротехнички средства

    23.12.2021 09:06 | Сузана Николиќ

    СВР Куманово и годинава спроведува превентивна кампања, со цел на граѓаните да им се укаже за можните последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства.

    СВР Куманово започна кампања за последиците од употребата на пиротехнички средства

    Портпаролката Ивана Младеновска, вели дека покрај репресивните мерки, тие ги потсетуваат граѓаните за законските одредби во кои е санкционирана употребата на пиротехнички средства и нивната нелегална продажба.

    „Така, Законот за прекршоци против јавниот ред и мир во член 31 предвидува глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност за оној кој неовластено пука од огнено оружје, употребува пиротехнички средства или сличен експлозивен или лесно запалив материјал, или на сличен начин го нарушува мирот и безбедноста на граѓаните. Согласно Кривичниот законик, во член 396 е предвидено недозволеното изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, при што: тој кој што неовластено изработува, држи, продава, набавува или врши размена со огнено оружје, муниција или експлозивни материи, ќе се казни со затвор од три до десет години. Ако предмет на делото од ставот 1 е поголемо количество на огнено оружје, муниција или експлозивни материи, или огнено оружје, муниција или експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети, сторителот ќе се казни со најмалку пет години затвор“, вели Младеновска.

    Во 2019 година на подрачјето на СВР Куманово се пронајдени 1182 пиротехнички средства, додека во 2020 година се пронајдени 1549 парчиња и за сторителите се поднесени соодветни пријави. 

    „Апелирам до граѓаните да се воздржат од употреба на пиротехнички средства пред и за време на новогодишната ноќ бидејќи на тој начин си го доведуваат во опасност животот и здравјето на самите себе но и на другите. Би сакала да потенцирам доколку се најдат во ситуација некој да им понуди пиротехнички средства може да пријават на 192“, додава Младеновска.