×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СВР: Приведено едно осомничено лице за опожарувањето на возилата

    13.10.2015 10:28 | KumanovoNews

    Од СВР Куманово денеска на прес-конференција информираа дека едно осомничено лице е приведено за опожарувањето на 11 возила на 4 локации во градот.

    СВР: Приведено едно осомничено лице за опожарувањето на возилата

    Се преземаат мерки за расчистување на случајот, и се прегледуваат снимки од видео надзорот за да се види дали лицето било само или имало уште некој. Мотивите за опожарувањето на возилата допрва ќе се утврдуваат.

    По преземените оперативно тактички мерки од страна на полициските службеници од СВР Куманово, веднаш по последниот настан е приведено едно осомничено лице и се работи на целосно расчистување и документирање на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Од страна нна ТППЕ Куманово пожарите се изгаснати, при што повеќето од возилата се целосно изгорени - изјави Валентина Николовска, портпарол на СВР Куманово.

    Приведениот и е познат на полицијата бидејќи и претходно вршел кривични дела. Од запалените 11 возила , две се на полициски службеници. На улица „Пионерска“ се запалени 4 возила, 4 на „Димитрије Туцовиќ“, 2 на „11 Октомври“ во кругот на болницата и едно на улица „Гоце Делчев“ пред хотел „Кристал“.

    Десет од запалените возила им припаѓаат на граѓани на Куманово, а еден од сопствениците е од Кратово.