×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Тајванци се запознаа со македонскиот фолклор

    05.08.2015 15:26 | KumanovoNews

    Група Тајванци денеска беа во посета на Куманово и Центарот за култура “Трајко Прокопиев“, каде се запознаа со македонскиот фолклор.

    Тајванци се запознаа со македонскиот фолклор

    Пред нив настапија членови на Детскиот младински амсамбал “Срма“, кои претходно ги пречекаа со леб и сол како што налага традицијата.

    Тие се дојдени во посета на Куманово и сакаат да дознаат нешто повеќе за македонскиот фолклор. Ќе ги научиме некое оро, некој сплет да играат. Ќе им покажеме како се игра. Според нивните реакции, мислам дека се задоволни“- кажа Теодора Томовска, член на “Срма“.

    Гостите од Тајван рекоа дека пред да пристигнат во земјава, на Интернет слушале македонски песни и многу им се допаѓаат.

    Ние изучуваме фолклор од повеќе различни земји, вклучувајќи ја и Македонија. Ние сме заинтересирани за вашиот фолклор. Затоа специјално сме дојдени. Многу е интересен вашиот фолклор, ние сме импресионирани“- вели Лиса Џусечију од Тајван.

    Во македонските песни, ора, носии уживаа триесетина гости од Тајван.