Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Тамара Анастасовска е избрана за нова претседателка на локалниот клуб на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ), со одлука на Извршниот одбор.
Таа е дипломиран економист, вработена во Управата за извршување на санкции од 2019 година.
„Бунтовниот карактер, различноста и социјалдемократските идеи се причината поради која се одлучив да се кандидирам, да бидам предводник на младите. Затоа се обврзувам не само да ги слушам, туку и активно да ги вклучам младите во креирање на политиките. Ќе се залагам сите млади рамноправно да имаат право на глас, свои иницијативи, лични квалитети и ангажираност во заедничката работа, а не да служат само за техничка поддршка на повозрасните сопартијци. Заедно со мојот тим убедена сум дека ке придонесеме за зголемување на нашето социјалдемократско семејство“, истакна Анастасовска.
Таа се заблагодарува за поддршката и довербата која ѝ е доверена, со ветување дека ќе работи чесно и одговорно.
Доаѓа на местото на Драгана Коцевска, која на ова позиција беше во изминатите две години.