Театар од Грачаница со детска претстава во Куманово
06.11.2014 09:50
| KumanovoNews
Во Младински културен центар “Козјак“, утревечер во 18 часот ќе игра детската претстава “Џин како млин„.
Оваа претстава ќе ја изведе аматерскиот театар “Јанаќије Поповиќ“ и Домот на културата Грачаница од Косово и Метохија. Настанот го организира Српската заедница во Македонија, а влезот е слободен за сите посетители.