Тече проектот „Се бориме за секое работно место“
Во Центарот за вработување Куманово се спроведува проектот „Се бориме за секое работно место“.

Два тима три пати неделно држат обуки со невработените и два пати неделно со работодавачите, во рамки на проектот „Се бориме за секое работно место„. Тие ги запознаваат со поволностите и мерките кои државата ги нуди за вработување.
“На тој начин ние правиме спој помеѓу невработените и фирмите кои бараат работници, зависно од нивните потреби“- вели Милорад Тренчевски, директор на Центарот за вработување Куманово.
Во меѓувреме во тек е и огласот за обука со субвенционирано вработување, со кој невработеното лице добива 6.200 денари за три месеци, работодавачот зема по 19.000 денари, од кои 9.000 се личен доход и 5.000 денари придонеси. Работодавачот добива 5.000 денари субвенција и има обврска да го задржи работникот во наредните дванаесет месеци.