×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Техничкото училиште доби вреден проект за медијација

    21.07.2011 10:10 | KumanovoNews

     По низа успешно реализирани проекти ОСТУ,,Наце Буѓони,, во силна конкуренција успеа да добие нов проект во вредност од 88.000 евра, со што ќе започне да ги користи европските претпристапни фондови за развој на образованието.

    Техничкото училиште доби вреден проект за медијација

    Имено, во мај во Ќустендил училиштето потпиша договор во рамките на IPA – Cross-Border Programme за реализација на проектот ,,На пат кон почит и разбирање,, во соработка со Генерална дирекција за управување со територијална соработка во рамките на Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија. Проектот започна во jули и ќе трае една година. Истиот се состои од обуки и работилници за ненасилна комуникација и решавање на конфликтите по пат на медијација. Целта е да се зголеми свест за конструктивен приод кон конфликтите и знаењето за медијација како начин на решавање на конфликтите. Воедно ќе се зајакне и меѓусебната соработка на ученици од различни националности и култури што секако е придобивка за нас како училишта но и за нашите локални самоуправи-вели директорката Лидија Михајловска.

    Проектот ќе се реализира заедно со СОУ ,,Перо Наков,,од Куманово како и со две средни училишта од Ќустендил во Република Бугарија.

    Во реализација ќе бидат вклучени 20 ученика и 20 професори и родители како и раководниот кадар на училиштата.Тие понатаму ќе бидат јадро на ширење на позитивна атмосфера и клима во училиштата. Како соработници ќе бидат вклучени експерти по медијација од ЗГ ,,Доверба,, од Куманово кое веќе подолг временски период успешно работи на ова проблематика. На крајот ќе биде издадена брошура и изработена WEB страна на проектот.