Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во расправата по извештајот и програмата за работа на ЈП „Пазаришта„ на седницата на Советот на Општината се разгоре долга дискусија за потребата од средување на хаотичните состојби на Добиточниот пазар во Долно Којнаре.
За да се надмине хаосот околу влезот на Добиточниот пазар,беше предложено да се прошири или изгради нов мост, по кој се внесува крупен и ситен добиток, и да се создадат услви за непречено движење на ученици, автомобилите и другите учесници во сообраќајот. Од ЈП „Пазаришта„ побараа и да се врати пазарниот ден во среда, бидејќи тогаш прометот на добитокот е поголем.
На ваквото барање се спротвстави опозицијата во Советот, месната заедница во Којнаре и претставниците на земјоделското училиште, бидејќи сметаат дека ова решение се покажало како катастрофално, и заради тоа пазарот треба да работи во неработен ден,кога во училиштето нема настава и фрекфенцијата на луѓе и сообраќај е намалена.