×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Тито Петковски: Доведен е во прашање опстанокот на државата

    07.10.2015 08:22 | KumanovoNews

    Ако не се почитува договорот од Пржино и ако се препуштиме работите да ги туркаат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, ќе биде доведен во прашање опстанокот на државата, рече лидерот на Нова социјал-демократска партија, Тито Петковски синоќа на трибина со членството во Куманово.

    Тито Петковски: Доведен е во прашање опстанокот на државата

    Петковски вели дека Македонија влегува во една неизвесна фаза, а посебно изненадува фактот што власта сака со закон да ги забрани “бомбите“.

    Знаат колку гадотии има во снимките кои што сè уште не се објавени. Дефинитивно им е јасно, од една страна сакаат да избегаат од обврските од договорот од Пржино, а од друга страна ако тоа не го направат следи објавувањето на “бомбите“. Тие се помеѓу две крајности од кои и едната и другата се многу лоши за нив. Верувам дека овде меѓународната заедница ќе си биде доследна и нема да се повтори 2012 година. Целата оваа криза за која што говориме започна во 2012 година. Цврсто верувам дека меѓународната заедница решила Македонија да ги имплементира тие вредности на западната демократија, западната цивилизација и тоа е најголемата надеж и моја и на НСДП и на целата опозиција - изјави Петковски.

    Петковски вели дека во Македонија институциите не функционираат, а истото се случува и со економијата. Во земјава вработените во реалниот сектор издржуваат превработена администрација и тоа не води кон добро.

    Претседателот на општинската организација на НСДП во Куманово, Свето Петрушевски рече дека оваа трибина е за одблизу членството да се запознае со актуелните случувања во земјава.

    Овој состанок го направивме за претседателот од прва рака да не упати, да ни каже некои вистини што сè се случува во оваа наша држава. Многу читаме, гледаме на вести, слушаме информации, па еве од претседателот да чуеме за што се работи - кажа Петрушевски.

    На трибината присуствуваа и претставници од Либералното демократската партија од Куманово.