×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Тони Михајловски позитивен на коронавирус

    07.10.2021 19:21 | Сузана Николиќ

    Кандидатот за градоначалник на Куманово од ВМРО-ДПМНЕ, актерот Тони Михајловски е позитивен на ковид-19. Тој информацијата вечерва ја сподели со јавноста преку видео порака на Фејзбук. 

    Тони Михајловски позитивен на коронавирус

    „Почитувани пријатели, за жал, мора да ве известам дека ќе бидам во 10-дневна изолација, бидејќи на моето денешно тестирање од ковид-19 излегов позитивен, иако ги почитував сите мерки и протоколи сепак дојде до оваа несакна ситуација, само се надевам дека нема да ескалира“, кажа Михајловски.

    Тој објави дека е вакциниран и почитувал сите мерки за заштита на неговото здравје, но сепак се заразил. 

    Михајловски го поздрави својот тим  кој е на терен во изборната кампања и му порача дека на 17 октомври ќе извојуваат голема победа, којашто Куманово ја заслужува.