×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • “Топол културен бран“ го одмина Куманово

    04.08.2014 11:38 | KumanovoNews

    Од Mинистерството за култура велат дека локалната самоуправа не била заинтересирана да аплицира со проекти за културни настани и затоа Куманово остана без летна програма


     

    “Топол културен бран“ го одмина Куманово

     Mанифестацијата “Топол културен бран“, која ја спроведува Министерството за култура, оваа година нема да се одржува во Куманово.

    Од министерството објаснуваат дека локалната самоуправа не аплицирала со проекти и тоа е основната причина зошто Куманово не е дел од проектот.

      - Имаше конкурс на кој општините требаше да предложат проекти, активности, кои би биле интересни за граѓаните. Од општина Куманово немавме апликација. Инаку годинава сите предлози од општините се прифатени. Целта на манифестацијата “Топол културен бран“ е културата да биде достапна за сите, да не биде само во главниот град и поголемите градови - велат од министерството.

    Првата етапа од “Топол културен бран“ заврши, а втората ќе се реализира од 20 до 31 август.  Во програмата се организираат разни концерти, изложби, настапи на културно-уметнички друштва, групи...

    Оваа манифестација Министерството за култура ја организира седма година по ред.