Топовска граната најдена на Гутев рид
24.11.2015 11:59
| KumanovoNews
Една неексплодирана топовска граната со калибар 75мм и едно панцирно зрно 40 мм, вчера се најдени кај железничката станица на место викано Гутев рид.

Околу 8.45 часот вчера во СВР Куманово е пријавено дека при реконструкција на пругата се најдени грнатата и зрното, кои најверојатно се од Втората светска војна. Тие се подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување од Куманово.