×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Традиционален турнир во кошарка “Куманово 2014“

    18.09.2014 12:16 | KumanovoNews

    Традиционалниот кошаркарски меѓународен турнир “Куманово 2014“, во наредните два дена, ќе се оддржи во Спортската сала во организација на кошаркарски клуб “Куманово“.

    Традиционален турнир во кошарка “Куманово 2014“

    Утре во 17.30 часот ќе играат “МЗТ Скопје“ и “Рилски спорт“ од Бугарија, а вториот натпревар е во 20 часот меѓу КК “Куманово“ и “Фени Индустри“. Финалните натпревари ќе се играат во сабота попладне. Организаторите соопштија дека влезниците ќе чинат 50 денари, а љубителите на кошарката за претстојната сезона ќе можат да резервираат претплатни билети за 800 денари. Се планира 700 места да бидат за претплатените посетители.

    “Бесплатни билети веќе нема да има. Сите оние кои сакаат да помогнат на клубот не треба да чекаат да влезат без пари, туку треба да платат билет за да го имаме она за што се бориме, еден силен и стабилен кошаркарски клуб. Цената е навистина добра. Ги обележавме местата, тоа ќе важи за после турнирот, за турнирот не важи. Мислам дека 50 денари билет за турнирот е поволно, кафе е 50 денари и ќе го испиете за половина час, а ова е четири часа забава. Цената на билетите не е покачена последниве 4 - 5 години  - изјави Бане Јовановски, претседател на клубот.

    Љубителите на кошарката во салата не смеат да пушат, а ако тоа се случи ќе следуваат казни. Од МВР го опоменале клубот дека во новата сезона не смее да се толерира пушење внатре.

    Од минатата сезона клубот е казнет со 3000 евра заради неспортско навивање и во наредната сезона и ова ќе треба да се корегира.